Корупција во Европската Унија: Распространетост на корупцијата и борбата против корупција во одредени земји членки на ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупција во Европската Унија: Распространетост на корупцијата и борбата против корупција во одредени земји членки на ЕУ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 јуни 2019 15:05

Aвтори: Пиотр Бковски и Софија Воронова
Дата: 2017
PDF: korupcija-vo-evropskata-unija-rasprostranetost-na-korupcijata-i-borbata-protiv-korupcija-vo-odredeni-zemji-chlenki-na-eu.PDF

Korupcija vo EU KORICA A 5 FINALСтудијата „ Корупција во Европската Унија: Распространетост на корупцијата и борбата против корупција во одредени земји членки на ЕУ“ е подготвена од страна на Генералниот директорат за услуги за парламентарно истражување на Секретаријатот за услуги за парламентарно истражување (Directorate-General for Parliamentary Research Services of the Secretariat for Parliamentary Research Services)

Оваа студија ја разгледува распространетоста на корупцијата во ЕУ и ги опишува преземените дејствија за решавање на проблемот. Се фокусира на иницијативи и политики кои ги спроведуваат владите на национално, регионално и локално ниво во осум одбрани земји членки кои се движат од север кон југ и од запад кон исток: Финска, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Хрватска, Романија и Бугарија. Претставена е перцепцијата за корупцијата на граѓаните, правната, институционалната и политичката рамка, како и некои најдобри практики на различни нивоа на власта, за подобро да се разбере контекстот и природата на антикорупциските политики и да се дадат некои позитивни примери за тоа што може да се преземе.

Студијата е преведена во рамки на проектот Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Корупција во Европската Унија: Распространетост на корупцијата и борбата против корупција во одредени земји членки на ЕУ