Започна административната проверка на пријавите за акциски грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна административната проверка на пријавите за акциски грантови PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 март 2019 09:58

На првиот повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас пристигнаа 131 пријави, од кои 123 беа поднесени на последниот ден, а дел и по истекот на рокот. Денес (27.3.2019г.) започна проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците да бидат познати до крајот на април, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договорите.

prijavi za akciski grantovi

Повикот за акциски грантови беше објавен на 26 февруари 2019 година, а заинтересираните граѓански организации и непрофитни научно-истражувачки установи имаа можност да ги поднесат нивните пријави до 25 март 2019 година. Информативната сесија за повикот се одржа на 12 март, а истата ја следеа околу 300 претставници на граѓански организации. 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна административната проверка на пријавите за акциски грантови