Дали на организациите им се припишуваат промените кои ги предизвикуваат? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дали на организациите им се припишуваат промените кои ги предизвикуваат? PDF Печати Е-пошта
Сабота, 01 декември 2018 17:00

„Ние милуваме да кажеме дека нашето општество е инертно, дека споро реагира на се што се случува. Но, мислам дека кумулираната енергија низ годините наназад се слеа и се обедини со граѓанските организации и се случи Шарената револуција. Тоа верувам дека беше демократска трансформација на општеството, бидејќи конечно беше видливо колкави се просторот, енергијата и широчината на сето она што како порака луѓето го дадоа“, рече Наташа Габер Дамјановска во својот воведен говор за време на Националниот форум „Ние, двигателите на промени, кој се одржа на 1 декември 2018 година.

VIK 3422 2

 

Околу 180 граѓани и активисти учествуваа во интерактивната дебата дискутирајќи за улогата на граѓанското општество, промените во изминативе четири години, поларизацијата, довербата во организациите и за можните решенија за надминување на предизвиците.

 

Ели Чакар, советник на Министерството за локална самоуправа, во фокусот ги стави промените кои се случија изминатиов период како: воспоставувањето на Советот за соработка на Владата со граѓанските организации, новата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, како и иницијативата Отворено владино партнерство. Таа напомена и дека следниот голем предизвик ќе биде концептот „Едно општество за сите“, чии подготовки се во тек.

 

За релацијата меѓу организациите и бизнис секторот говереше Искра Тикваровска Казанџиева, која повеќе од 11 години работи на општествената одговорност на ЕВН. Таа истакна дека во моментов граѓанскиот сектор не е доволно признаен од бизнис заедницата, а таа пак недоволно го искористува тоа што граѓанскиот сектор има да го даде. „Кога ќе ги прашате компаниите во доменот на општествената одговорност каде најмногу доделуваат финансиски средства, предничат верските заедници, спортските организации, спортските клубови и сл. Граѓанските организации се на едно од последните места“, рече таа. 

VIK 3250 2

 

 

За непризнаената улога на граѓанските организации во општеството говореше и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Меѓу важните постигнувања тој ги посочи борбата против корупцијата, борбата за правата на маргинализираните заедници, промените во законот за јавни набавки, промените во законот за пристап до информации од јавен карактер и сл.

 

Според Алберт Муслиу, Асоцијација за демократски иницијативи, граѓанските организации не треба да менуваат работи туку да ги иницираат, бидејќи во спротивно тие ќе треба да се дел на некоја институција или политичка партија. „ Ние не го добиваме суверенитетот преку глас на граѓаните. Го добиваме преку објективност и неутралност во одредени прашања, а во вака политизирано општество тоа не е секогаш лесно“, рече тој.

 

Стојан Велков говореше за предизвиците со кои се соочува неговата организација Здрава котлина, која е формирана заради проблемот со рудникот Иловица- Штука. Тој напомена дека е видливо како граѓаните се уште немаат доверба во граѓанскиот сектор, па со цел да не бидат „обележани“, организацијата не поднесува проекти со кои би ги финансирала своите активности. Ова дополнително ја отежнува нивната позиција бидејќи потребни им се средства за масовно информирање на населението за да им се предочи проблемот.

VIK 3410 2

Публиката се приклучи кон дебатата преку интерактивно гласање за различните теми кои се дискутираа. Мнозинството сметаа дека граѓанскиот сектор остварил најголемо влијание во надминувањето на политичката криза. Присутните сметаа дека граѓанскиот сектор е поларизиран како и општество во целина, а заедничките платформи за адресирање на проблемите се најдобро решение за надминување на таа поларизираност. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дали на организациите им се припишуваат промените кои ги предизвикуваат?