Жителите на Врапчиште ретко го користат правото на учество во носењето одлуки - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Жителите на Врапчиште ретко го користат правото на учество во носењето одлуки PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 12 ноември 2018 00:00

Eдуцирањето на жителите за формите и начините на учество во процесот на носење одлуки на локално ниво беше една од главните препораки на дебатата „Учество на граѓаните во процесите на носење одлуки“ која се одржа во Врапчиште на 24 октомври, во рамки на Мобилниот ресурсен центар.

20181112 Vest Vrapciste

Во дискусијата се вклучија 15 учесници, кои ги дадоа своите препораки за популаризирање на формите на консултации за носење на локални политики.

Еден од главните предизвици кој произлезе е едукацијата на младите и жените за придобивките од нивното учество во процесите на носење одлуки. Жителите најчесто го препознаваат гласањето на локалните избори како форма на учество, а седниците на Советот остануваат неискористени. Информирањето на населението во главно е отежнато поради руралниот карактер на општината со дисперзирани населени места.

Препораките кои произлегоа се однесуваа на популаризирање на формите на консултации за носење на локални политики како работилници, форуми или локален гласник; назначување на лице за соработка со граѓански организации во општината; како и реконструкција на веб страницата со прилагодување на јазиците кои се употребуваат во општината.

Покрај дебатата, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар оствари средба со градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани. Тој истакна дека досега во Врапчиште се практикувале повеќе форми на учество во носење на одлуките, како што се форуми во заедниците, работилници за креирање локални програми и планови, како и овогодинешниот буџетски форум. Градоначалникот додаде дека руралниот карактер на општината претставува предизвик во организирањето на вакви настани каде се очекува учество на населението.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Жителите на Врапчиште ретко го користат правото на учество во носењето одлуки