Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор PDF Print E-mail
Monday, 08 October 2018 08:33

Подигната самодоверба, целосно исполнети очекувања и успешно завршен процес на учење, вежбање и практична примена се дел од импресиите на учесниците на тридневната Обука за обучувачи која ја организираше МЦМС по повод 25 годишниот јубилеј.

Obucheni novi 15 treneri od gragjanskiot sektor 1

Од 2 до 4 октомври, 15 претставници на граѓанските организации стекнуваа вештини и ја усовршуваа примената на алатките за подготовка и спроведување на обуката.

Марина Златевска од Македонскиот институт за медиуми рече дека на оваа обука значително ги подобрила презентациските вештини, кои ќе ги примени во иднина за време на сесиите кои сама ќе ги креира. „Запознав доста интересни луѓе, имаше одлична соработка и добра енергија во текот на трите дена. Ова беше одличен начин да се одбележат 25 години од работењето на МЦМС“, додаде таа.

Obucheni novi 15 treneri od gragjanskiot sektor 2

Во текот на трите дена учесниците имаа можност да ги подобрат своите комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини, како и да се здобијат со знаење за техниките и методите за обука. На самиот крај, наученото успеаја практично да го преточат во дизајнирање на една сесија од обука која ја спроведоа пред останатите учесници и предавачите.

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева од МЦМС, кои изразија задоволство од проактивниот пристап и желбата за учење кои ги покажаа учесниците.

МЦМС до крајот на месецот ќе спроведе уште една обука за административно и архивско работење, со што се потенцира улогата на организацијата во концептот на доживотно учење.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор