МЦМС ги јакне своите капацитети за антикорупција |
E mërkurë, 12 korrik 2017 15:09 | |||
Да ги освежи и зајакне антикорупциските знаења и практични вештини на професионалците од целиот свет и да им овозможи вмрежување и остварување на нови контакти – тоа беше целта на седмата по ред „Летна академија за антикорупција 2017“ што се одржа од 30 јуни до 7 јули 2017 г. во Лаксенбург, Австрија, а на која учествуваше и Марија Саздевски од МЦМС. Најзначајните пораки се:
Вкупно 61 претставник од јавни институции, меѓународни организации, приватен сектор, универзитети и граѓански организации од 40 земји имаа можност да ја следат програмата која вклучи повеќе перспективи на корупцијата вклучувајќи етика, психологија, право, економија, и друго. Учесниците имаа можност и да дискутираат и дебатираат со предавачи од Соединетите Американски Држави, Хонг Конг, Кувајт, Јужна Африка, Холандија, Република Кореја и Словенија. Летната школа ја организира Меѓународна академија за антикорупција (International Anticorruption Academy - IACA), меѓународна организација со седиште во Лаксенбург, Австрија. Ова е прва глобална институција од ваков вид, посветена на надминување на сегашните недостатоци во знаењето и практиката во областа на антикорупцијата. МЦСМ континуирано вложува во капацитети на свои вработени овозможувајќи им учество на настани на реномирани меѓународни институции.
|