Искуствата на Австрија и Словачка во развојната соработка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Искуствата на Австрија и Словачка во развојната соработка PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 мај 2017 14:32

Александар Кржаловски и Симона Огненовска од МЦМС учествуваа на студиската посета „Граѓанските организации од Западен Балкан за глобален развој“ што ја организираа Хоризонт3000 од Австрија и Понтис фондација од Словачка од 2 до 5 мај 2017 година во Виена, Австрија и Братислава, Словачка за 15 претставници на граѓански организации кои се дел од истоимениот регионален проект

Iskustvata na Avstrija i Slovachka vo razvojnata sorabotka 1

Студиската посета обезбеди идеи за политиките кон кои треба да се стреми Македонија кога ќе ја усогласува развојната агенда на национално ниво со онаа на ЕУ. Учесници имаа средби во различни државни институции каде се запознаа со практиките на финансирањето за развојна соработка. Исто така, се сретнаа и со платформи на граѓански организации кои работат на ова прашање. 

Во Австрија, беа организирани средби со Хоризонт3000, Австриската фондација за развојни истражувања (ОЕФСЕ) и Австриска развојна агенција која одвојува 14 милиони евра годишно за развојна соработка во повеќе приоритетни региони. Канцеларијата за координација на Австрискиот Бишоп и Австриска платформа за развојна соработка – Глобална одговорност работат на прашањето на развојната соработка. Според Платформата, најголемиот предизвик е обезбедување на посветеност на организациите членки, што бара интензивна комуникација и координација. Исто така, учесниците се сретнаа и со Судвинд, организација која работи на подигнување на свеста и образование на Австирското општество за развојна соработка.

Iskustvata na Avstrija i Slovachka vo razvojnata sorabotka 2

Во Словачка, се одржаа средби со Словачката агенција за развојна соработка (СловакАид), како и со Министерството за надворешни работи. Во 2003 година, Министерството, во отсуство на капацитет и експертиза ја пренело дистрибуцијата на пари на УНДП, а по притисок од организациите, во 2007 е основана агенцијата за развојна соработка (СловакАид) која сега е фокусирана на Кенија, Молдавија и Авганистан. Искуството на граѓанското општество беше согледано преку Словачката платформа за невладини развојни организации. Во градењето на капацитетите значајна поддршка имале од Канадската агенција (CIDA). Во Словачка секако предизвикот е зголемување на средствата за развојна соработка кои се се уште далеку од достигнување на потребниот минимум од 0.7% од БДП, особено во отсуство на поддршка од јавноста. Ова е и еден од најголемите предизвици со кои се соочила платформата да ги убеди институциите дека средствата за образование за глобален развој, не се наменети за други земји, туку тие средства се наменети за градење образование и свесност во земјата

Студиската посета беше дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ од Албанија. Проектот е финансиран од Австриска агенција за развој и членките на Хоризонт3000.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Искуствата на Австрија и Словачка во развојната соработка