Избран шестиот по ред Совет на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избран шестиот по ред Совет на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 декември 2016 14:53

На 21 декември 2016 година, досегашните членови на Советот на МЦМС го избраа новиот состав на Советот чиј мандат ќе биде од 2016 до 2020 година. 

Izbran shestiot po red Sovet na MCMS

фотографијата е од архива на МЦМС (2014 година)

Советот е највисок орган на општо управување и надзор на МЦМС, а неговите членови се избираат од редот на граѓанските организации, црквите и верските заедници, институциите за истражување и развој, медиумите, приватниот сектор, локалната самоуправа и меѓународните организации. 

Новиот состав на Советот го сочинуваат: Елена Кочоска (Полио плус), Никица Кусиникова (Конект), Самет Скендери (Иницијатива за социјални промени - ИнСоК), Герман Филков (Центар за граѓански комуникации), Лулзим Хазири (Асоцијација за демократски иницијатив - Гостивар), Марија Ацковски (Евангелско-методистичка црква), Ирсал Јакупи (Исламска верска заедница), Бобан Митевски (Македонска православна црква), Ризван Сулејмани (предлог на два члена на Управниот одбор на МЦМС), Марко Трошановски (Институт за демократија - ИДСЦС), Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми - МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа), Драган Секуловски (Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ), Александар Зарков (Сојуз на стопански комори на Македонија), Сашо Клековски (предлог на два члена на Управниот одбор на МЦМС), Виктор Арнаудоски (Заедница на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС), Тони Затковски (општина Кривогаштани), Ванчо Стојанов (општина Василево), Соња Стефановска-Трајаноска (УНДП). 

МЦМС им се заблагодари на досегашните членови на Советот за нивниот придонес во развојот на организацијата во претходните години. Посебна благодарност беше упатена до: Африм Тахири, Бехиџудин Шехапи, Беким Имери, Бјанка Суботиќ, Душица Перишиќ, Габриела Мицевска, Ганка Цветанова, Горан Михајловски, Лилјана Алчева, Ратко Лазаревски, Славко Велевски, Владимир Мисев и Звонко Шаврески чие членство заврши. На новите членови, МЦМС  им посака успешна работа. 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Избран шестиот по ред Совет на МЦМС