Избрани новите 12 институционални грантисти на Цивика мобилитас |
Понеделник, 26 декември 2016 15:19 | |||
Комисијата за избор на грантови го направи изборот на грантисти од организациите кои поднесоа пријава на третиот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас. Добитници на институционален грант се 12 организации и тоа:
Новите грантисти дејствуваат во осум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации, децентрализација, родови прашања и здравствена заштита. Најголем дел од грантистите (91 %) дејствуваат на национално, а по една петина дејствуваат и на локално и на регионално ниво. Грантистите доаѓаат од четири региони, најголем број од нив се од скопскиот регион, потоа од пелагонискиот, источниот и вардарскиот регион. Во поглед на искуството, најголем број имаат искуство помеѓу четири и 15 години, вкупно четири се со искуство помеѓу четири и седум години, а една со искуство помеѓу една и три години. На повикот што беше отворен до 31 октомври 2016 г. беа поднесени 76 пријави за институционален грант, од кои 59 пријави ја поминаа проверката на административна усогласеност и подобност.
|