Избран шестиот по ред Совет на МЦМС |
Monday, 26 December 2016 14:53 | |||
На 21 декември 2016 година, досегашните членови на Советот на МЦМС го избраа новиот состав на Советот чиј мандат ќе биде од 2016 до 2020 година. фотографијата е од архива на МЦМС (2014 година) Советот е највисок орган на општо управување и надзор на МЦМС, а неговите членови се избираат од редот на граѓанските организации, црквите и верските заедници, институциите за истражување и развој, медиумите, приватниот сектор, локалната самоуправа и меѓународните организации. Новиот состав на Советот го сочинуваат: Елена Кочоска (Полио плус), Никица Кусиникова (Конект), Самет Скендери (Иницијатива за социјални промени - ИнСоК), Герман Филков (Центар за граѓански комуникации), Лулзим Хазири (Асоцијација за демократски иницијатив - Гостивар), Марија Ацковски (Евангелско-методистичка црква), Ирсал Јакупи (Исламска верска заедница), Бобан Митевски (Македонска православна црква), Ризван Сулејмани (предлог на два члена на Управниот одбор на МЦМС), Марко Трошановски (Институт за демократија - ИДСЦС), Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми - МИМ), Назим Рашиди (Диверзити медиа), Драган Секуловски (Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ), Александар Зарков (Сојуз на стопански комори на Македонија), Сашо Клековски (предлог на два члена на Управниот одбор на МЦМС), Виктор Арнаудоски (Заедница на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС), Тони Затковски (општина Кривогаштани), Ванчо Стојанов (општина Василево), Соња Стефановска-Трајаноска (УНДП). МЦМС им се заблагодари на досегашните членови на Советот за нивниот придонес во развојот на организацијата во претходните години. Посебна благодарност беше упатена до: Африм Тахири, Бехиџудин Шехапи, Беким Имери, Бјанка Суботиќ, Душица Перишиќ, Габриела Мицевска, Ганка Цветанова, Горан Михајловски, Лилјана Алчева, Ратко Лазаревски, Славко Велевски, Владимир Мисев и Звонко Шаврески чие членство заврши. На новите членови, МЦМС им посака успешна работа.
|