Совет за соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор [јавна реакција] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Совет за соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор [јавна реакција] PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 мај 2016 21:22

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) упатуваат јавна реакција по повод донесувањето на Одлуката за формирање Совет за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор. 

Двете организации ја поздравуваат донесената одлука, но изразуваат загриженост заради: 

  1. Недоволната партиципативност на процесот на консултации во фазата на усвојување на Одлуката;
  2. Застапеноста, односно бројноста на граѓанските организации во Советот;
  3. Предложеното ниво на државни службеници;
  4. Временскиот период кога се носи Одлуката.

Двете организации изразуваат уверување дека надлежните институции ќе ги земат предвид укажувањата и дека ќе изнајдат решение за подобрување на Одлуката а со тоа и на Советот за соработка кој за граѓанскиот сектор е клучна алатка за дијалог и артикулирање на потребите за негов континуиран развој. 

Јавната реакција во целост можете да ја видите овде.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Совет за соработката меѓу Владата и граѓанскиот сектор [јавна реакција]