Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 март 2016 08:35

Направен е прелиминарниот избор за институционални грантисти на вториот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас. Потенцијални добитници добитници се: Еколошко друштво „Планетум“ Струмица; Еколошко здружение –Движење „Еко герила“ Тетово; Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ Скопје; Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга; Здружение за развој на медиуми „Онлимит-Медиа“ Скопје; Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје; Институт за човекови права Скопје; Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ – Скопје; Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје; Македонско здружение на млади правници - МЗМП Скопје; Младински културен центар – Битола; Младински образовен форум Скопје; Младински сојуз – Крушево; Мултикултура – Тетово; Совет за етика во медиумите на Македонија „Етика прес“ Скопје; Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Велес; Фондација за поддршка на претприемништво на жени и млади „Егалите“, Камењане, Боговиње; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар; Центар за интеркултурен дијалог Куманово; и Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“.

IMG 4182

Новите грантисти дејствуваат во седум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации (медиуми), животна средина, меѓуетнички односи, ЛГБТИ и вработување. Половина од грантистите се организации регистрирани во Скопје, кои дејствуваат на национално ниво; четири организации од полошкиот регион, две од пелагонискиот, а по една организација од североисточниот, југозападниот и вардарскиот регион. Вкупниот износ на грантовите нема да надмине 65.000.000 денари.

На повикот што беше отворен до 15 јануари 2016 г. беа поднесени 126 пријави за институционален грант, а претходно во декември 2015 година беа одржани пет информативни сесии, на кои учествуваа над 80 претставници на вкупно 64 граѓански организации.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас