Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 28 mars 2016 08:35

Направен е прелиминарниот избор за институционални грантисти на вториот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас. Потенцијални добитници добитници се: Еколошко друштво „Планетум“ Струмица; Еколошко здружение –Движење „Еко герила“ Тетово; Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ Скопје; Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга; Здружение за развој на медиуми „Онлимит-Медиа“ Скопје; Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје; Институт за човекови права Скопје; Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ – Скопје; Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје; Македонско здружение на млади правници - МЗМП Скопје; Младински културен центар – Битола; Младински образовен форум Скопје; Младински сојуз – Крушево; Мултикултура – Тетово; Совет за етика во медиумите на Македонија „Етика прес“ Скопје; Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Велес; Фондација за поддршка на претприемништво на жени и млади „Егалите“, Камењане, Боговиње; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар; Центар за интеркултурен дијалог Куманово; и Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“.

IMG 4182

Новите грантисти дејствуваат во седум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации (медиуми), животна средина, меѓуетнички односи, ЛГБТИ и вработување. Половина од грантистите се организации регистрирани во Скопје, кои дејствуваат на национално ниво; четири организации од полошкиот регион, две од пелагонискиот, а по една организација од североисточниот, југозападниот и вардарскиот регион. Вкупниот износ на грантовите нема да надмине 65.000.000 денари.

На повикот што беше отворен до 15 јануари 2016 г. беа поднесени 126 пријави за институционален грант, а претходно во декември 2015 година беа одржани пет информативни сесии, на кои учествуваа над 80 претставници на вкупно 64 граѓански организации.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дваесет нови институционални грантови од Цивика мобилитас