Извештај за следење на ризици од корупција и организиран криминал |
Четврток, 19 март 2015 17:14 | |||
Автор: Емилија Туџаровска-Горѓиевска Извештајот е поделен на седум поглавја и истиот дава преглед на правната и институционална рамка за сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал во земјата, дава преглед на макроекономската состојба за појава и следење на врската на корупцијата и организираниот криминал, процена на ризици од закани од корупција и од организиран криминал, како и нивоата на поврзаност меѓу овие две појави: инфилтрација (општо) во политичката арена, инфилтрација во Владата (избрани функционери), инфилтрација во државната администрација и институциите, поткуп итн. Преку овие нивоа индиректно се прави основен преглед на корупција во политиката, но исто така и на другите области и нивоа на власта како: правосудството; администрацијата, полицијата и царината. Последниот дел се однесува на приватниот сектор и корупцијата, каде покрај општиот преглед се прави осврт и на јавните набавки, перењето пари и измамата со ДДВ. Извештајот е изготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и тим на експерти од Центарот за изучување на демократија (ЦИД) од Бугарија. Извештајот е дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал“, финансиран од ЕУ во рамките на Националната програма за привремена поддршка и градење институционални капацитети, ИПА (IPA) 2009.
|