Објавен првиот повик од Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Објавен првиот повик од Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 декември 2014 10:52

Цивика мобилитас денес го објави првиот повик за институционални грантови кои им се наменети на граѓанските организации.

Civica Logo Clr

Институционалните грантови на Цивика мобилитас го поддржуваат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти.

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку формуларот за пријавување, а сите обрасци се достапни на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/formulari

Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 15.000 и 40.000 швајцарски франци по грант. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 10.01.2015 г. Краен рок за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 г., до 16 часот до кога треба да бидат примени сите пријави.

Цивика мобилитас ќе одржи неколку информативни сесии за овој повик, во периодот од 15-19.12.2015 година и тоа во: Струмица (15), Штип (16), Скопје (17), Битола (18) и Гостивар (19). Конечниот распоред како и времето на одржување на сесиите ќе биде објавен на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/info-sesii . Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуалните промени.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Објавен првиот повик од Цивика мобилитас