Објавен првиот повик од Цивика мобилитас |
E mërkurë, 10 dhjetor 2014 10:52 | |||
Цивика мобилитас денес го објави првиот повик за институционални грантови кои им се наменети на граѓанските организации. Институционалните грантови на Цивика мобилитас го поддржуваат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти. Пријавите за овој повик се поднесуваат преку формуларот за пријавување, а сите обрасци се достапни на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/formulari Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 15.000 и 40.000 швајцарски франци по грант. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на адресата: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , најдоцна до 10.01.2015 г. Краен рок за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 г., до 16 часот до кога треба да бидат примени сите пријави. Цивика мобилитас ќе одржи неколку информативни сесии за овој повик, во периодот од 15-19.12.2015 година и тоа во: Струмица (15), Штип (16), Скопје (17), Битола (18) и Гостивар (19). Конечниот распоред како и времето на одржување на сесиите ќе биде објавен на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/info-sesii . Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуалните промени. Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
|