Презентирани резултатите од форумот во Македонска Каменица и Делчево - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентирани резултатите од форумот во Македонска Каменица и Делчево PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 октомври 2014 09:07

На 2 октомври 2014 година, во Македонска Каменица се одржа шестата, последователна форумска сесија од меѓу-општинскиот форум за Македонска Каменица и Делчево.

IMG 2611

Покрај прегледот на целокупниот форумски процес, беа презентирани резултатите од реализираниот проект - „Специјални возила за собирање на смет“. Набавени се две нови возила кои ќе ги користат двете општини спрема потребите. На овој начин ќе подобрат условите на работа на јавните комунални претпријатија, ќе се намалат трошоците за поправки на старите возила, ќе се олесни собирањето на сметот и ќе се намали можноста за создавање на диви депонии со што ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 7.875.792 денари од кои 3.400.000 се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, 3.400.000 се од двете општини, а комуналните претпријатија „Камена Река“ од Македонска Каменица и „Брегалница“ од Делчево заедно инвестираа 1.075.792 денари.

IMG 2658

„Задоволство е да се учествува во еден ваков начин на донесување на одлуки, каде граѓаните сами одлучуваат што е најприоритетно за нив. Верувам дека со набавката на новите специјални возила за собирање на смет дополнително ќе бидат подобрени услугите на јавните претпријатија во двете општини“, рече Трајче Јованов, учесник на форумот.

Беше презентирана и информација за реализацијата на препораките за приоритетните потреби и проблеми дадени од страна на граѓаните до општините. Општините известија дека добар дел од препораките веќе се реализирани или се во тек на реализација.

„Активното учество на граѓаните во вој форумски процес дава резултати“, смета Антигона Постоловска, учесничка во форумот. „Покрај новите возила, решени се и некои други проблеми на граѓаните на двете општини, кои се резултат на препораките до градоначалниците. Евидентно е и дека кај граѓаните, со самото учество во форумот, јакне свеста дека и сами може да придонесат за решавање на одредени комунални проблеми, зачувување на животната средина и неопходноста од рециклирањето на отпадот. Се на се, форумот беше едно одлично искуство“, вели таа.

На последователната форумска сесија граѓаните ги поздрави и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Дарко Митевски. Тој им се заблагодари на сите вклучени во форумскиот процес кои придонесоа за негова успешна реализација.

IMG 2485

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Презентирани резултатите од форумот во Македонска Каменица и Делчево