Раководење со проекти за организациите кои работат со маргинализирани групи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со проекти за организациите кои работат со маргинализирани групи PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 март 2014 17:42

Oд  4 до 7 март 2014 г. во Маврово се одржа обуката за раководење со проектен циклус како дел од програмата „Оспособување на жените погодени во конфликтот (ОЖП)“.

rakovodenje so proekti za organizaciite koi rabotat so marginalizirani grupi 1

На обуката учествуваа членови на 12 граѓански организации кои работат со маргинализирани групи и дејствуваат во кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион, односно од целното подрачје на ОЖП. Учесниците се запознаа со сите фази и елементи од развивањето на  проекти, а најголемо внимание предизвика буџетирањето. Покрај теоретското знаење, учесниците во група имаа и практична работа, поточно подготвуваа проектна рамка чекор по чекор и ги презентираа подготвените проекти во сите фази.

rakovodenje so proekti za organizaciite koi rabotat so marginalizirani grupi 2

За учесниците обуката беше многу ефективна и стекнаа практични вештини за подготовка на проект. Ердал Мусли од Дерја, истакна дека стекнатите вештини и дадените материјали значително ќе помогнат на развојот на нивната организација. „Примерите и наставата беа многу практични и лесни за примена и ќе ги сподели со другите членови“, изјави тој.

Проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), a го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Раководење со проекти за организациите кои работат со маргинализирани групи