Нови огради на училиштата во општина Аеродром - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови огради на училиштата во општина Аеродром PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 март 2014 14:47

Заврши буџетскиот форумскиот процес во општина Аеродром. На последователната форумска сесија, што се одржа на 26 февруари 2014 година, во ОУ Љубен Лапе беа презентирани резултатите од проектот “Реконструкција на оградите на објектите на ОУ заради поголема безбедност на учениците и чување на објектите во општина Аеродром” што го избраа граѓаните.

novi ogradi na uchilishtata vo opshtina aerodrom 2

Проектот придонесува за обезбедување нормални услови за изведување на наставната и воспитната дејност, како и за извршување на другите училишни активности во училиштата во општина Аеродром. Во проектот беа вложени вкупно 6.429.887 денари од кои 2.400.000 денари беа обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 4.029.887 се општински средства. Граѓаните се потсетија на текот на целокупниот форумски процес по фази на сесии.

Потоа, беше презентиран и Прегледот на планирани/реализирани приходи и расходи на општината Аеродром за 2013 г.

„Форумот е мошне важна алатка за граѓаните“, рече Вангелина Секуловска, директорка на ОУ Љубен Лапе. „Преку неа се овозможи активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки, а со тоа и партиципирање во креирањето на буџетот на општината.“ Секулоска учествувала на сите форумски сесии и смета дека Форумот бил транспарентно спроведен, а резултатите се во полза на училиштата, учениците, родителите и граѓаните воопшто.

novi ogradi na uchilishtata vo opshtina aerodrom 1

И според Сузана Божинова, наставник во ОУ Гоце Делчев, форумот бил добро спроведен. „Избраниот проект е од голема важност за нас наставниците и учениците, зашто обезбедува безбедност на секое дете, а  училишните дворови изгледаат многу поубаво“. Таа смета дека на форумските сесии имало и многу други корисни предлози дадени од граѓаните, кои вредат да бидат вклучени во некои од програмите на општината.

На крајот од сесијата општинската администрација ја презентираше Информацијата за преземените активности и состојбата на предлозите произлезени од граѓаните на форумскиот процес (вклучени и невклучени во програмите на општина Аеродорм за 2013 г.)

Од името на градоначалникот на општината, Борче  Христов, раководител на Одделението за буџетска координација на општина Аеродром, им посака на граѓаните во иднина заеднички да остваруваат уште многу вакви проекти, избрани од нив.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови огради на училиштата во општина Аеродром