2012 - Огледало на Владата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2012 - Огледало на Владата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 декември 2013 15:47

poster-forumМЦМС за прв пат примени методологија за проценка на отвореноста на институциите кон граѓаните - Огледало на Владата. Се одржа прекуграничниот Форум на граѓански организации од Македонија и Албанија. Истражувањата кои се спроведуваа се однесуваа на европските интеграции, меѓуетничките односи, а се комплетираше и вториот циклус на обемното истражување Индекс на граѓанското општество во Македонија, по методологијата на Цивикус. Советот на МЦМС го донесе новиот Среднорочен деловен план 2012-2016 година.

Во 2012 година МЦМС спроведуваше 12 нови проекти и оствари буџет од околу 49 милиони денари.

За прв пат беше применета нова методологија за проценка на отвореноста на институциите, што придонесе кон зголемена транспарентност и подобрување на практиките на институциите за вклучување на јавноста во процесите на подготовка на законите. Претставници на МЦМС активно учествуваа во работната група за подготовка на Стратегијата на Владата за соработка со граѓанскиот сектор за 2012-2017 година.

Прекуграничниот форум на граѓански организации, на кој учество земаа 92 организации од Македонија и Албанија, а го посетија над 800 граѓани, беше последната активност со која успешно се заврши програмата Институционален развој на граѓанското општество.

Продолжија истражувачките активности. МЦМС спроведе три анкети кои се однесуваа на европските интеграции и рејтинзите на политичките партии; на перцепциите за случајот Слупчане и законот за бранителите, како и на ставовите и на граѓаните за актуелни прашања.

Триесет и седум пријави за проекти за  различни донатори беа подготвени заедно со ромските граѓански организации. МЦМС работеше во шест нови општини преку програмата Форуми во заедниците, во Делчево, Желино, Аеродром, Василево и Босилово, Шуто Оризари и Македонска Каменица и во Делчево.

Советот на МЦМС го донесе Деловниот план на МЦМС 2012-2016 година, а на крајот на 2012 година беше избран и новиот состав на Советот на МЦМС со мандат 2012-2016.

Годишен извештај на МЦМС за 2012 година.

2012

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести 2012 - Огледало на Владата