2011 - Мојот избор и истражувања - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2011 - Мојот избор и истражувања PDF Печати Е-пошта

2011-18-godini-mcmsМЦМС активно се вклучи во набљудување на парламентарните избори со „Мојот избор“. На 10 годишнината од Охридски рамковен договор МЦМС спроведе сеопфатно истражување. Започнаа активностите за прекугранична соработка Македонија - Албанија. Со три општини се изработени локални стратегии за соработка со граѓанските организации.

Во првите девет месеци започна спроведувањето на 18 проекти, а се спроведуваа вкупно 26. Остварениот буџет беше 48 милиони МКД. Избрано е новото раководство - Александар Кржаловски, прв извршен директор и Димче Митрески, извршен директор, по завршувањето на мандатот на Сашо Клековски кој го водеше МЦМС 18 години.

МЦМС одлучи да преземе активности за набљудување на изборите. Активностите се одвиваа под називот „Мојот избор 2011“ и вклучија анализи, истражувања и набљудување, презентирани на наменска веб-страница Мојот избор 2011.

Од анализата на изборните програми на политичките програми произлегоа 12 извештаи во исто толку подрачја. Се изготви и целосен преглед на сите кандидати за пратеници, по партија/коалиција и по изборна единица. Анкети беа направени и за рејтинзите на политичките партии, а покрај нив на „Мојот избор 2011“ беа објавени на едно место и анализите од други агенции.

Се набљудуваа и изборните кампањи и изборниот процес со 15 регионални координатори и 100 набљудувачи за денот на изборите. За прв пат во Македонија беше овозможено и директно он-лајн пријавување на изборни нерегуларности, преку интерактивно геомапирање.

Покрај тематските анализи на изборните програми, се објавија и осум посебни извештаи: Профилот на мојот пратеник; Изборни нерегуларности; Интернет-присуство на партиите во изборите 2011; Профил на мојот пратеник; Изборните кампањи на политичките партии; Рејтинзи на политичките партии; Споредба на анкетите со изборните резултати; и два извештаја од интегрираниот мониторинг за изборите „Мојот избор 2011“.

Како дел од сеопфатното истражување за Охридскиот рамковен договор беа објавени три публикации: Истражувачкиот извештај „Меѓуетничките односи во Македонија“, „Студии на случај“ и „Интервјуа“. Истражувачкиот тим интензивно работи на крајната студија за ОРД.

МЦМС работеше на формулација на Стратегии за соработка на локалната власт со граѓанските организации во пилот општините Битола, Дебар и Јегуновце. Користени се регионалните и домашните искуства за соработка меѓу властите и ГО на локално ниво. Процесот на подготовка беше партиципативен и резултираше со документи кои до крајот на годината треба да бидат усвоени од страна на Советите на трите општини. Овие стратегии треба да им послужат како добар пример и на останатите општини.

„МЦМС активно се вклучи во набљудувањето на парламентарните избори со „Мојот избор 2011“. На 10 годишнината од Охридскиот рамковен договор МЦМС спроведе сеопфатно истражување. Започнаа активностите за прекугранична соработка Македонија-Албанија. Со три општини се изработени локални стратегии за соработка со граѓанските организации.“

Годишен извештај на МЦМС за 2011 година. 

2011

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја 2011 - Мојот избор и истражувања