Работилница за проценка на влијанието на регулативата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за проценка на влијанието на регулативата PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 јуни 2013 00:00

Марија Саздевски и Симона Огненовска од МЦМС, учествуваа на тридневна работилницата на тема „Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) – алатки и методи“ што се одржа од 4 до 6 јуни 2013 г. во Охрид.

ria

Целта на работилницата беше да го продлабочи партнерскиот однос и разбирањето помеѓу државните институции и јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор во проценката на влијанието на регулативите. Оваа корисна алатка може да обезбеди вклучување на засегнатите страни во процесот на изработка на закони и давање аргументирани предлози за решавање на утврдените „проблеми“ во конкретните области.

Учесниците се запознаа со значењето на ПВР како алатка за анализа на сегашната состојба и предвидување на иднината и фазите на нејзина реализација. Низ практична работа на конкретни случаи беа разгледани и аналитичките алатки за проценка на фискалните импликации (мулти-критериумска анализа, анализа на ризици, cost-effectiveness анализа, модел на стандардни трошоци и cost-benefit анализа). Овој процес обезбедува низа можности за граѓанските организации, а најзначајна е активното вклучување во сите фази на подготовка на политики и можноста да се влијае врз предложените решенија на едноставен начин.

Работилницата беше организирана од страна на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во рамките на проектот „Унапреден регулаторен процес во Македонија“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за проценка на влијанието на регулативата