Работилница за проценка на влијанието на регулативата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за проценка на влијанието на регулативата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 qershor 2013 00:00

Марија Саздевски и Симона Огненовска од МЦМС, учествуваа на тридневна работилницата на тема „Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) – алатки и методи“ што се одржа од 4 до 6 јуни 2013 г. во Охрид.

ria

Целта на работилницата беше да го продлабочи партнерскиот однос и разбирањето помеѓу државните институции и јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор во проценката на влијанието на регулативите. Оваа корисна алатка може да обезбеди вклучување на засегнатите страни во процесот на изработка на закони и давање аргументирани предлози за решавање на утврдените „проблеми“ во конкретните области.

Учесниците се запознаа со значењето на ПВР како алатка за анализа на сегашната состојба и предвидување на иднината и фазите на нејзина реализација. Низ практична работа на конкретни случаи беа разгледани и аналитичките алатки за проценка на фискалните импликации (мулти-критериумска анализа, анализа на ризици, cost-effectiveness анализа, модел на стандардни трошоци и cost-benefit анализа). Овој процес обезбедува низа можности за граѓанските организации, а најзначајна е активното вклучување во сите фази на подготовка на политики и можноста да се влијае врз предложените решенија на едноставен начин.

Работилницата беше организирана од страна на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во рамките на проектот „Унапреден регулаторен процес во Македонија“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работилница за проценка на влијанието на регулативата