Корупциските предизвици во ЈИЕ и мерките за нивно решавање - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупциските предизвици во ЈИЕ и мерките за нивно решавање PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 мај 2013 12:18

На 22 мај 2013 година во Белград, Србија беше одржана регионалната конференција на тема „СЕЛДИ стратегија и акциски план за добро владеење и антикорупција: главните корупциски предизвици и мерки за нивно решавање во Југоисточна Европа“. Целта на конференција беше да се претстават главните предизвици во борбата против корупцијата со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и Турција, да се дискутираат мерките за нивно надминување и да се разменат националните искуства. На конференцијата учествува повеќе од 30 претставници на граѓанските организации од регионот и државните институции од Србија. Марија Саздевски и Борјан Ѓузелов учествуваа како претставници на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

IMAG0142

Конференцијата се состоеше од три панели. На првиот беа презентирани антикорупциските стратегии и модели во Србија и Македонија, како и главните антикорупциски предизвици забележани во извештаите на ЕУ за напредокот на земјите од Западен Балкан. На вториот панел фокусот беше ставен на транспарентноста во трошењето на јавните финансии со посебен осврт на јавните набавки во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Турција. Во рамките на третиот панел, особено внимание беше посветено на улогата, капацитетот и интегритетот на граѓанските организации како еден од главните предизвици во регионот.

На третиот панел, Марија Саздевски од МЦМС ги презентираше наодите од неодамнешната споредбена анализа „Менаџментот на граѓанските организации и судирот на интереси“, во која се анализираат јавните политики во повеќе различни земји од регионот со кои се регулира судирот на интереси и дали и како претставниците од граѓанскиот сектор се засегнати со нив. 

Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“, финансиран од Европската комисија, Директорат за проширување. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот Охрид.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Корупциските предизвици во ЈИЕ и мерките за нивно решавање