МЦМС ги поддржа организациите на Роми во подготовката на проекти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ги поддржа организациите на Роми во подготовката на проекти PDF Печати Е-пошта
Вторник, 19 Февруари 2013 11:13

Шеснаесет учесници од ромските организации Баирска светлина од Битола, Месечина од Гостивар, Тернипе од Делчево, Сумнал и Амбрела од Скопје и Здружението за мултикултурно општество и човекови права од Штип на 13 и 14 февруари 2013 година во Скопје учествуваат на работилница за подготовка на предлог проекти кои ќе бидат поднесени до Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

IMG 8001

„Сметам дека оваа обука е корисна. Благодарение на претходната обука, која минатата година беше спроведена од страна на МЦМС и ИнСоК, мојата организација подготви проект што беше одобрен од Одделението за соработка со невладини организации“, вели Шаип Исени од Здружението за развој на ромската заедница Сумнал од Скопје. Според Исени, ваквите обуки треба редовно да се одржуваат затоа што им се од голема помош на организациите кои аплицираат за фондови.

И во граѓанската организација Амбрела се задоволни од работилницата за подготовка на проекти. „Таа придонесува за зајакнување на организациите и поголема самодоверба при самостојното подготвување на проекти. Се надеваме дека ваквите работилници ќе станат редовни затоа што начинот на работа е интересен и мотивирачки“, вели Ервин Шиковски од Амбрела од Скопје.

IMG 8008

На работилницата, проектните идеи на организациите беа развиени во предлог проект, а им беа дадени и инструкции за комплетирање на целокупната документација потребна за аплицирање. Учесниците подготвија вкупно шест предлог проекти.

Оваа иницијатива се реализираше во рамките на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), финансиран од ОСИ Будимпешта, со која МЦМС придонесува кон градење на капацитетите на Ромите во Македонија за нивна одржлива општествена инклузија.

Работилницата ја фацилитираа Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери од Иницијатива за социјална промена (ИнСоК).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ги поддржа организациите на Роми во подготовката на проекти