Преку подобра соработка до подобри закони |
E enjte, 20 dhjetor 2012 00:00 | |||
На 19 декември 2012 г. работна група составена од претставници од шест граѓански организации одржа работилница за дефинирање на конкретни чекори за подобрување на соработката со државните институции во процесите на подготовка на законите. На работилницата беа дефинирани проблемите со кои организациите се соочувале кога биле вклучени во подготовка на одредени предлог закони. Некој од проблемите кои беа истакнати се: кратки рокови за консултации и непочитување на законски одредениот минимум, нередовни, несистематски и нетранспарентни комуникациски канали, формално вклучување со значителни разлики од предлозите во консултациите до конечните текстови на акти. Потоа, во дискусијата, учесниците предложија можните решенија. Како резултат на работилницата ќе произлезат Стратешки насоки со дефинирани проблеми и можните активности неопходни да се превземаат за нивното решавање. Покрај работната група за дефинирање на акцискиот план за зголемување на соработка помеѓу ГО и ресорните министерства за измени на политиките поврзани со анти-дискриминација, формирани се и две работни работни групи за дефинирање на акцискиот план за зголемување на учество на ГО во подготовка на закони и за дефинирање на акцискиот план за измени во даночните закони. Работилницата е организирана во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).
|