Важен е директниот и непосреден контакт на граѓаните со општината - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Важен е директниот и непосреден контакт на граѓаните со општината PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 октомври 2012 00:00

Вкупно 102 граѓани на општина Аеродром и гости присуствува на втората форумска сесија што се одржа на 10 октомври 2012 година, во спортската сала во ОУ Љубен Лапе.

vazen-e-direktniot-i-neposreden-kontakt-na-graganite-so-opstinata-1

Претставниците од работната група ги презентираа приоритетите за развој на општината за 2013 година за кои граѓаните дискутираа и ги усвоија. На форумот беше дискутиран и Прегледот на планирани/реализирани приходи на општината за 2012 година како и Проекцијата на приходи на општината за 2012 година.

Граѓаните дадоа 20 предлози за зголемување на приходите на општината Аеродром. На посебна работилница, општинската администрација заедно со преставници од граѓаните ќе ги разгледа можностите за вклучување на овие предлози во редовното работење општината.

Јован Мазгански, учесник на форумот, позитивно го оцени односот на општината и тоа што се прашуваат граѓаните да даваат свои идеи за трошењето на општинските пари. „На овој начин се зголемува транспарентноста во работењето и трошењето на буџетот“, рече тој и додаде дека ова е можност да се покренат прашања кои се од интерес на граѓаните и да се дадат приоритетни насоки. За Светлана Николовска многу е важен директниот и непосреден контакт и можноста на граѓаните да нудат свои идеи за развој на општината. „На оваа сесија, јас предложив поголемо вклучување на младите во активностите на општината и изработување на Стратегија за млади“, рече таа.

vazen-e-direktniot-i-neposreden-kontakt-na-graganite-so-opstinata-2

На граѓаните им беа презентирани расходите по седум буџетски програми за 2013 година од кои, по дискусијата тие избраа пет и тоа: Програма за развој на образованието, Програма за социјална заштита, Програма за енергетска ефикасност, Програма за заштита на животната средина и природата и Програма за локален економски развој. Овие програми ќе бидат разработувани на 3-та и 4-та Форумска сесија.

Граѓаните се договорија третата форумска сесија да ја одржат на 26 октомври 2012 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Важен е директниот и непосреден контакт на граѓаните со општината