Граѓаните на Василево и Босилово ги кажаа најгорливите проблеми - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните на Василево и Босилово ги кажаа најгорливите проблеми PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 октомври 2012 00:00

На 18 септември 2012 година во ОУ Гоце Делчев во Босилово се одржа втората форумска сесија од меѓуопштинскиот форум во општините Василево и Босилово.

graganite-na-vasilevo-i-bosilovo-gi-kazaa-najgorlivite-problemi-1

Граѓаните имаа можност да слушнат подетална анализа на темата „Водоснабдување и отпадни води“ што потоа им послужи во идентификацијата на проблеми. Распоредени на осум работни маси, тие дискутираа и ги предлагаа најгорливите проблемите кои се и најприоритетни за решавање. Потоа, повторно низ дискусија, тие предлагаа решенија за тие проблеми. Најголем број проблеми се идентификувани во делот на атмосферска и фекална канализација како и во делот на недостаток на механизација за одржување на водоводната и одводната мрежа. И решенијата беа насочени во најголем број кај овие проблеми.

„Задоволен сум од текот на втората форумска сесија“, вели Ванчо Лазаров од с. Чанаклија. „Со тоа што учествувавме во дефинирањето и анализирањето на проблемите сметам дека дадовме голем придонес за општината. Би сакал да учествувам и на наредните сесии“, додава тој. И за Ѓорги Трајков од с. Иловица ова била успешна сесија. „Мислам дека треба почесто да се организираат вакви сесии, затоа што проблемите и потенцијалните решенија за нив произлегуваат од нас граѓаните. На тој начин и ние сме некако вклучени во работата на општината. За време на оваа втора сесија посебно ми се допадна тоа што имавме можност да го кажеме нашето мислење за решавање на одредени проблеми“, вели Трајков.

 graganite-na-vasilevo-i-bosilovo-gi-kazaa-najgorlivite-problemi-2

На присутните им беше презентиран форматот за концепти за предлог проекти што е всушност следната фаза во развивањето на идеите што ги предложија на оваа сесија. Уште еднаш беа презентирани и критериумите за избор на проекти за граѓаните да ги имаат предвид кога ќе се развиваат концептите.

На крај беше формирана работна група која меѓу двете форумски сесии ќе работи на формулација на концептите.

На сесијата присуствуваа 121 граѓани на општините Василево и Босилово и гости. Граѓаните се договорија следната форумска сесија да ја одржат на 15 ноември 2012 година, во Василево.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните на Василево и Босилово ги кажаа најгорливите проблеми