Сите пет проекти се од особено значење за граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сите пет проекти се од особено значење за граѓаните PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 октомври 2012 12:54

На четвртата форумска сесија во општина Делчево што се одржа на 04 октомври 2012 година, во спомен домот АСНОМ граѓаните дискутираа за пет предлог проекти и тоа: Изградба и уредување на јавни површини; Расчистување на диви депонии во градот и неговата околина; Уредување на излетнички и туристички патеки; Пешачки мост преку реката Брегалница и Зачувување на рибниот фонд преку изградба на рибји патеки на реката Брегалница.

site-pet-proekti-se-od-osobeno-znacenje-za-gragjanite-1

„Сите 5 предлог проекти според мене го заслужуваат своето место во финалниот избор за најприоритетен проект“, рече Александар Васев од Делчево. „Кое решение и да биде избрано на последната 5 Форумска сесија ќе биде од особено значење за граѓаните на Делчево кои за прв пат во рамки на проектот "Форуми во заедницата“ можеа сами да одлучуваат за решенијата на своите проблеми. За разлика од Васев, Зоран Николовски има свој фаворит меѓу проектите, тоа е пешачкиот мост преку реката Брегалница. „Искрено, воодушевен сум што се разви полемика по однос на повеќето предлог проекти кои влегуват во завршна фаза од овој процес. Сметам дека пешачкиот мост преку реката Брегалница е едно од најнеопходните решенија во овој момент“, рече тој.

site-pet-proekti-se-od-osobeno-znacenje-za-gragjanite-2

На оваа сесија на граѓаните им беа презентирани критериумите според кои ќе се прави избор на проектите на последната форумска сесија и беше формирана работна група за подготовка на препораки кои граѓаните ќе и ги предадат на општинската администрација на последната, петта форумска сесија.

На сесијата присуствуваа 119 граѓани од општина Делчево и гости.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Сите пет проекти се од особено значење за граѓаните