Граѓаните им дадоа поддршка на сите пет концепти во Делчево |
Петок, 21 септември 2012 08:21 | |||
Граѓаните на Делчево на 14 септември 2012 година, во спомен домот АСНОМ ја одржаа третата по ред форумска сесија. Се разговараше за пет концепти и тоа: Изградба и уредување на јавни површини, Расчистување на диви депонии во градот и неговата околина, Уредување на излетнички и туристички места, Пешачки мост преку реката Брегалница и Зачувување на рибниот фонд преку изградба на рибји патеки на р.Брегалница. Интересот и овој пат беше голем. Презентациите на концептите ги слушаа и за нив дискутираа 132 граѓани и гости на форумот. „Фактот што во оваа фаза се пристапува кон дефинирање на концепти за дел од она што веќе е посочено како можно решение од страна на граѓаните, е токму она што ги прави овие форумски сесии важни и интересни за сите нас кои сме жители на градот Делчево“ рече Љупчо Петровски. За Здравко Мирчевски пак, ова е добар знак дека „на крајот, оној проект кој навистина ќе биде важен за самите граѓани и Делчево, ќе биде и реализиран“. На оваа сесија на граѓаните им беа презентирани критериумите според кои ќе се прави избор на проектите на последната форумска сесија, а беше разгледан и форматот според кој работните групи ќе ги развиваат концептите во предлог-проекти. На крајот на форумската сесија беа дооформени работните групи за развивање на предлог проектите и граѓаните беа информирани дека следната форумска форумска сесија ќе се одржи на 04 октомври 2012 г.
|