Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 јули 2012 00:00

Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми

На 18 јули 2012 година, во просториите на основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во селото Желино, 54 граѓани на општината се собраа на втората форумска сесија.
Граѓаните направија анализа на темата „Образование“ која ја избраа на претходната сесија, потоа   ги идентификуваа проблемите и дискутираа за решенијата. Проблемите и решенијата ги групираа во пет поттеми: Руиниран и оштетен објект на основното училиште во село Копачиндол; Неопремени училишта со основен инвентар; Недостаток и неопремени кабинети со школски прибор и нагледни средства; Недостаток на спортска сала во основното училиште во село Групчин; и Немање услови за настава на децата со посебни потреби.

Ќенан Алиу, поранешниот градоначалник на општината Желино смета дека ова е добра можност за граѓаните сами да се вклучат во одлучувањето за некоја работа. „Треба да се има предвид дека немаме претходно искуство како општина во форумскиот процес и можеби затоа на граѓаните ќе им треба поголемо мотивирање за да бидат дел од него“, вели Алиу

Ештреф Амети, еден од учесниците, воедно и наставник не го крие ентузијазмот со кој учествува во овој форум. „Бидејќи сум од Копачиндол се надевам дека со моите дискусии ќе успеам да ги уверам моите сограѓани колку е голема потребата за изградба на училиштето во моето село и дека на тој проект ќе му ја дадат поддршката на последната форумска сесија“, вели Амети.

На сесијата присуствуваше и Фатмир Изаири, градоначалник на општината Желино кој уште еднаш ја изрази својата благодарност до СДЦ и до МЦМС за поддршката во целиот форумски процес.  „Иако имаше помалку граѓани сепак мислам дека добро си ја завршија работата за да продолжиме понатаму“, рече Изаири.

На крајот, беа формирани работни групи кои помеѓу двете сесии ќе работат на развивање концепти. Граѓаните се договорија следната форумска сесија да ја одржат на 7 септември 2012 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми