Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми |
E martë, 31 korrik 2012 00:00 | |||
Концепти ќе се подготвуваат во пет поттеми На 18 јули 2012 година, во просториите на основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во селото Желино, 54 граѓани на општината се собраа на втората форумска сесија. Ќенан Алиу, поранешниот градоначалник на општината Желино смета дека ова е добра можност за граѓаните сами да се вклучат во одлучувањето за некоја работа. „Треба да се има предвид дека немаме претходно искуство како општина во форумскиот процес и можеби затоа на граѓаните ќе им треба поголемо мотивирање за да бидат дел од него“, вели Алиу Ештреф Амети, еден од учесниците, воедно и наставник не го крие ентузијазмот со кој учествува во овој форум. „Бидејќи сум од Копачиндол се надевам дека со моите дискусии ќе успеам да ги уверам моите сограѓани колку е голема потребата за изградба на училиштето во моето село и дека на тој проект ќе му ја дадат поддршката на последната форумска сесија“, вели Амети. На сесијата присуствуваше и Фатмир Изаири, градоначалник на општината Желино кој уште еднаш ја изрази својата благодарност до СДЦ и до МЦМС за поддршката во целиот форумски процес. „Иако имаше помалку граѓани сепак мислам дека добро си ја завршија работата за да продолжиме понатаму“, рече Изаири. На крајот, беа формирани работни групи кои помеѓу двете сесии ќе работат на развивање концепти. Граѓаните се договорија следната форумска сесија да ја одржат на 7 септември 2012 година.
|