Обука за шест организации од Косово - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за шест организации од Косово PDF Печати Е-пошта
Сабота, 31 март 2012 00:00

Од 19-21 март, МЦМС одржа обука за раководење со проектен циклус, со фокус на набљудување и оценка, за шест организации од Косово.

IMG 0684

Обуката беше скорена за потребите на учесниците, па покрај стандардните модули за логичка рамка и показатели, содржеше и елементи од системот на набљудување воспоставен за оваа програма – како: брзо скенирање на организациите, 5 клучни компетенции и Балансирана табела (Balanced Scorecard).

Учесниците високо ја оценија обуката и изразија задоволство од учеството и наученото. „Благодарност за обуката на тема за која мислевме дека знаеме се, за да разбереме дека не сме знаеле скоро ништо“, беше коментар на еден од учесниците. Обучувачи беа Фатмир Битиќи и Александар Кржаловски.

IMG 0669

Обуката е дел од консултантската поддршка што МЦМС, во соработка со МДФ Холандија, ја дава за програмата Обединета коалиција за претприемништво, а која две холандски организации СПАРК и „Бизнис во развој“ ја спроведуваат во Косово.

Поддршката на процесот на јакнење на овие шест локални организации од Косово, ќе продолжи и понатаму, со обуки и менторска поддршка, во наредните четири години.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за шест организации од Косово