Ставовите на 22 јавни и информирани личности за Охридскиот рамковен договор |
Понеделник, 15 август 2011 15:05 | |||
МЦМС објави Интервјуа, уште една публикација од серијата посветена на Охридскиот рамковен договор. Станува збор за 22 интервјуа со јавни и информирани личности. Дел од нив биле директно или индиректно вклучени во носењето на Договорот. Публикацијата ги нуди ставовите на: Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Радмила Шекеринска-Јанковска, Руфи Османи, Иџет Мемети, Ерван Фуере, Џеват Адеми, Владо Бучковски, Кенан Хасипи, Љубомир Фрчковски, Владо Поповски, Абдурахман Алити, Билјана Ванковска, Бехиџудин Шехапи, Јован Донев, Осман Кадриу, Исмаил Бојда, Реџеп Али Чупи, Ѓунер Исмаил, Али Алиу, Александар Чомовски и Ким Мехмети. Интервјуираните дискутираат за тоа дали Македонија, благодарение на Договорот, е подобро место за живеење; како ги доживуваат целите на Договорот; во кои области е постигнат поголем напредок; како да се постигне балансот меѓу граѓанското и мултикултурното општество; улогата на малите заедници; Договорот и напредокот во децентрализацијата и за тоа дали ОРД е модел за иднината на Македонија.
|