Добро управување во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добро управување во Македонија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 15:02

programa_DUMВо програмата ДУМ покрај активностите кои се спроведуваа во 2008 г., а кои се однесуваа на учество на граѓаните во активности на заедницата и се одвиваа на локално ниво, во 2009 г. се започна и со спроведување на активности на национално ниво. Се започна со проекти кои треба да придонесат кон останатите резултати во програмата, како што се зголемено влијание на граѓанските организации во креирањето на политиките и транспарентен и партиципативен процес на подготовка на државниот буџет.

Така во првото полугодие започна да се спроведува проектот „Јакнење капацитети за креирање политики“. Со проектот кој се спроведуваше во соработка со ОБСЕ се опфатени три мрежи: Македонија без дискриминација, Граѓанската платформа на Македонија и Коалицијата за правично судење. Крајната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите за креирање политики и да се подготви акциски план за секоја од мрежите за тема од приоритетно значење за неа. Секоја од мрежите одржа работилница на која беше идентификувано прашање за кои во текот на јули и август беа подготвени компаративни анализи од страна на експерти.

Врз основа на анализите беа подготвени три акциски планови, односно за секој избран приоритет од секоја од мрежите. Акциските планови беа подготвувани на заеднички работилници од организациите членки на коалициите, додека истите беа финализирани од страна на работни групи. Сите три акциски планови беа презентирани во ноември и декември пред засегнатите страни.

Со цел да се зајакнат и капацитетите на организациите-членки на коалициите беа организирани една студиска посета и една обука. За група од шест претставници од трите мрежи беше организирана студиска посета во Лондон во чии рамки посетени неколку институции и беше одржана обука за креирање политики. Во септември се одржа обуката за креирање политики на која учествуваа 15 претставници од организациите-членки на мрежите. Целта на обуката беше да се споделат искуствата од студиската посета во Лондон со поголем број организации членки на трите мрежи, да се разберат основните концепти и алатки за застапување и лобирање во функција на креирање на политиките Во последното тримесечје од годината беше започнат и проектот „Јакнење на капацитети за анализа на финансиски податоци и буџетски процес“.

Бидејќи делот од програмата кој што се однесува на следење на буџетскиот процес беше тесно грло поради недоволната обученост на персоналот на МЦМС за ова прашање, се надминува со ангажирање на надворешни експерти кои што треба да подготват наставна програма за анализа на финансиски податоци и буџетски процес, како и организирање студиска посета во Албанија. Во овој период направен е изборот на експертите за обуката, а исто така избрана е и организацијата домаќин на студиската посета. Исто така за двете активности подготвени се и предлог-програмите.

Во 2009 г. со цел да се воспостават партиципативни пристапи за определување на приоритетните потреби во заедниците МЦМС спроведуваше активности во шест општини. Имено, продолжија започнатите активностите во Битола, Ресен и Карбинци, а воедно се започна со работа и во општините Аеродром, Радовиш/Конче и Берово. Во 2009 г. беа одржани 5 форумски сесии во Ресен и 5 во Битола.

Вкупно 426 (167/259) 357 (197/160)

Во Битола се подготвија пет проекти од кои на форумската сесија одржана во јули по пат на гласање беа избрани: Спортски комплекс во училишниот двор во село Кишава; Тумбе Кафе – основна инфраструктура; Тумбе Кафе како спортско рекреативен комплекс; и Тумбе Кафе како културно историска знаменитост и можност.

Исто така и во Ресен беа подготвени четири проекти, од кои на форумската сесија во јуни беше избран еден проект „Подобрување на водоснабдувањето во Преспа“. Избраните проекти во Битола и Ресен ќе бидат финансирани од буџетот на проектот „Форуми во заедниците Ресен и Битола“. Во следниот период ќе се потпишат договори за спроведување на проектите и ќе се реализираат тендерските постапки за истите.

Во текот на 2009 г., во проектот „Форуми во заедниците Аеродром, Берово, Радовиш и Конче“ беа одржани 11 форумски сесии: три форумски сесии во Аеродром, пет форумски сесии во Берово и три форумски сесии во Радовиш и Конче.

Вкупно 374 (236/138) 407 (200/207) 357 (152/205)

Во о. Берово беа одржани пет работилници: работилница за приоритетите за развој на о. Берово за 2010 г.; работилница за проекција на приходи на о. Берово за 2010 г.; работилница за расходи за 2010 по надлежностите: комунални дејности
(инфраструктура) и заштита на животна средина и природа; работилница за расходи за 2010 г. по надлежностите: образование и култура, социјала и спорт и економски развој; работилница за а) Приоритети произлезени од форумските сесии кои се вклучени во годишните програми на о. Берово за 2010 г. и б) Предлози од форумските сесии кои не влегоа во програмите на о. Берово за 2010 г. (со образложенија). Покрај работилниците, во извештајниот период, во сите три општини беа одржувани редовни состаноци на оперативните групи.

Извршно резиме од програмата.


Проекти:

Завршени проекти

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Добро управување во Македонија