Политичките партии попривлечни од граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Политичките партии попривлечни од граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 април 2011 11:48

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општествената одговорност на граѓаните. Ве известуваме за резултатите од делот што се однесува на учеството и активностите на граѓаните во организациите на граѓанското општество.

Политичките партии попривлечни од граѓанските организации

Истражувањето покажа дека е мал бројот на граѓани кои се ангажираат во верските заедници, синдикатите, политичките партии и граѓанските организации. Политичките партии се најпривлечни за граѓаните, односно 37,5 % од нив се членови во овој тип на здружување. По нив следуваат црквите и верските заедници (30,7 %), синдикатите (24,2 %) и граѓанските организации (24,6 %).

Вклученоста на граѓаните во граѓанските организации е мала (24,6 % се членови) и нема битно поместување во однос на претходните години. Скоро две третини од членовите на граѓанските организации се неактивни. Доброволно во граѓански организации работат 9 % од граѓаните, што се поклопува со бројот на активни членови во нив (9,5 %).

Политичките партии мобилизираат повеќе граѓани, а имаат помалку доверба (23,3 %) во споредба со другите форми на здружување. На секои пет граѓани, двајца се членови на некоја политичка партија, но сепак само еден е активен. Освен преку членството, политичките партии мобилизираат и повеќе граѓани за доброволна работа, отколку граѓанските организации, црквите и верските заедници и синдикатите.

Третина од граѓаните кои доброволно работат во граѓански организации тоа го прават заради социјализација. Придонесот кон заедницата и вербата во мисиите на организациите за кои доброволно работат се исто така битен мотив за граѓаните.

Анкетата беше спроведена во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Политичките партии попривлечни од граѓанските организации