Се финализира Индексот на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Се финализира Индексот на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 март 2011 13:52

„Потребно е понатамошно меѓусебно запознавање и признавање на граѓанските организации“, беше пораката што провејуваше во текот на националната работилница за Цивикус - Индексот на граѓанското општество (ИГО) што ја одржа МЦМС на 29 март 2011 година во Скопје. Целта на работилницата беше да се презентираат и дискутираат наодите за состојбата на граѓанското општество во Македонија, да се идентификуваат главните јаки и слаби страни на граѓанското општество и да се дадат препораки за понатамошно зајакнување на граѓанското општество.

Се финализира Индексот на граѓанското општество

Наодите по сите пет истражувани димензии ги презентираа нивните автори. Присутните имаа можност да слушнат каква е состојбата во граѓанското општество во Македонија кога станува збор за граѓанскиот ангажман, нивото на организација, практикувањето вредности, перцепцијата на влијанието и надворешната околина.

Учесниците на националната работилница, во групи ги идентификуваа и дискутираа за јаките и слабите страни на граѓанското општество и предлагаа препораки. Граѓанското општество е силно благодарение на неговата разноличност, на флексибилноста, на иницијативноста за прашањата од општествен карактер, на човечкиот капитал со кој располага. Осврнувајќи се на слабостите на граѓанското општество, учесниците на националната работилница идентификуваа дека постои јас меѓу граѓанските организации и граѓаните, дека не се доволно транспарентни и дека не ги користат доволно широко распространетите социјални мрежи. Недостасуваат активности за најприоритетните општествени предизвици, сиромаштијата и вработувањето, а недостасуваат и показатели за успех. 

se-finalizira-indexot-na-graganskoto-opstestvo-2

Во препораките, учесниците побараа поголем акцент на одржливоста на граѓанските организации и обезбедувањето поддршка од државата во ситуација на повлекување на традиционалните странски донатори и малата поддршка од граѓаните и деловниот сектор. Препорачаа воспоставување показатели за успех на активностите, за да биде возможно да се измери постигнатото. Исто така, потребно е поместување од активности за донесување на политиките кон следење на нивното спроведување и соработка во таа насока со сите актери, како и вклучување во буџетскиот процес во земјата. На граѓанските организации им е потребно интензивирање на односите со јавноста и членството за да ги презентираат постигнувањата пред граѓаните. И јазот меѓу Скопје и останатите е предизвик на кој треба да се работи.

Дискусиите од националната работилница ќе бидат одразени во националниот аналитички извештај што треба да биде објавен во текот на април 2011 година. Ова е вториот таков извештај за Македонија, првиот извештај го направи МЦМС во периодот 2004-2006 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Се финализира Индексот на граѓанското општество