Информативни настани за пререгистрација на ГО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни настани за пререгистрација на ГО PDF Печати Е-пошта
Четврток, 03 март 2011 12:40

МЦМС ги поканува граѓанските организации на информативниот настан на тема „Пререгистрација на организациите“. Ќе бидат одржани два настани, во Скопје на 11 март 2011 г. (петок), во 11:00 часот, во х. Холидеј ин и во Битола на 15 март 2011 г. (вторник), во 11:00 часот, во х. Милениум.

На овие средби ќе се разговара за тоа што и кога треба да се направи; како треба да се изврши и подготви усогласувањето на актите; како да се спроведе постапката за усогласување на актите; кои се потребните документи коишто треба да се приложат при пререгистрацијата; споредба на содржината на статутите согласно стариот и новиот закон и некои други прашања. (  дневен ред )

На настанот корисни информации ќе добиете и од Ленче Петрова Киранџиска, раководител на Одделение за техничка помош и овластено лице за регистрација, од Централниот регистар на Македонија.

МЦМС како организација која што е посветена на подобрување на правната рамка за граѓанските организации од 1995 година и како директно вклучена во работната група која што го подготвуваше Законот, преку овој настан има за цел подетално да ги информира здруженијата на граѓани и фондации за потребата од усогласување на актите односно пререгистрацијата. Согласно членот 104 од Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на Република Македонија, бр. 52/2010) организациите се должни во рок од една година од денот на влегување во сила на овој Закон да ги усогласат актите со овој Закон и да извршат пререгистрација во Централниот регистар. Рокот за пререгистрација истекува на 24 април 2011 година.

Заинтересираните учесници треба да се пријават до 8 март (за настанот во Скопје) и до 11 март (за настанот во Битола), на следниот е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , или Марија Саздевски, на телефон 02/3088 983.

За учесниците надвор од Скопје и надвор од Битола ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратна автобуска карта од местото на доаѓање.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Информативни настани за пререгистрација на ГО