ГО и „Антикорупциската писменост“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ГО и „Антикорупциската писменост“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 Февруари 2011 15:48

На 24 февруари 2011 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, МЦМС организираше еднодневна работилница наменета за граѓанските организации на тема  „Злосторство без казна“. Фацилитатор на настанот беше  Суад Мисини, извршен директор  на Истражувачки центар за граѓанско општество. На настанот учествуваа 20 претставници од граѓански организации од Македонија што го покажува нивниот голем интерес за темата. Самоиницијативно, интерес  покажаа и пет студенти од  Правениот факултет „Јустинијан Први“ – катедра за политички науки. МЦМС им овозможи присуство сметајќи дека  е важно активното вклучување во расправи на оваа тема на идните политиколози во Македонија.

ГО и „Антикорупциската писменост“

Целта на овој настан беше да се придонесе кон зголемена информираност за состојбата со корупцијата во Република Македонија и да се направи споредба со другите земји (пред се Бугарија). Ова треба да овозможи започнување на расправата за тоа кои се стратешките приоритети на граѓанските организации  во спречувањето на корупцијата во Република Македонија.

На првата сесија Суад Мисини го претстави извештајот за состојбата со корупцијата во Бугарија „Злосторство без казна“ , издаден од Центарот за изучување на демократијата од Софија, кој што МЦМС го преведе и го публикуваше во октомври минатата година. Посебен осврт беше даден на облиците на коруптивни практики кои го зафатиле граѓанското општество во првите две години од членството на Бугарија во ЕУ. 

ГО и „Антикорупциската писменост“

Втората сесија продолжи со презентирање на клучните корупциски практики во Република Бугарија, со посебно нагласување на сличности и трендови кои би можеле да ги видиме во Република Македонија. Учесниците покажаа посебен интерес за таканаречена појава на „заробување на државата“, концепт смислен од стручњаците на Институтот на Светската банка. Со оваа тема се отвори дискусијата во која активно се вклучија сите учесници. На дискусијата беа дадени предлози дека со заеднички активности треба да се придонесе кон постигнување на поголеми ефекти во спречување на корупција. Исто така беше предложено подигнување на свеста за  корупцијата кај младите преку образовниот систем (во училиштата и на факултетите).

Работилницата е дел од активностите наменети за јакнење на капацитети на различни чинители (како што се граѓански организации, новинари, државни службеници) важни за започнување на расправата за тоа кои се стратешките приоритети за спречување на корупцијата во Република Македонија и е дел од проектот „Антикорупциска писменост“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести ГО и „Антикорупциската писменост“