Monday, 28 February 2011 15:48 |
На 24 февруари 2011 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, МЦМС организираше еднодневна работилница наменета за граѓанските организации на тема „Злосторство без казна“. Фацилитатор на настанот беше Суад Мисини, извршен директор на Истражувачки центар за граѓанско општество. На настанот учествуваа 20 претставници од граѓански организации од Македонија што го покажува нивниот голем интерес за темата. Самоиницијативно, интерес покажаа и пет студенти од Правениот факултет „Јустинијан Први“ – катедра за политички науки. МЦМС им овозможи присуство сметајќи дека е важно активното вклучување во расправи на оваа тема на идните политиколози во Македонија.
|