Успешна деловна година за МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Успешна деловна година за МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 Февруари 2011 12:53

МЦМС во 2010 година имаше вкупен обем (портфолио) од 18 проекти и буџет од 74 милиони денари. Реализацијата на програмското портфолио е одлична - 90 % од планот и 98 % на буџетот.

Успешна деловна година за МЦМС

Како и секогаш, за спроведување на активностите беа користени повеќе методи на работа. МЦМС имаше 67 консултантски мисии или обуки на кои учествуваа 2.009 учесници. Најголем дел од учесниците ги посетувале обуките или имале консултации од областа на раководењето со проектен циклус и портфолио.

Успешна деловна година за МЦМС

И оваа година повеќе внимание се посветуваше на застапувањето и лобирањето. Единаесет од спроведените проекти беа фокусирани на застапувањето и лобирањето. Што се однесува на информациите како метод на работа, МЦМС, во 2010 година, се појави како издавач на 6 публикации и организираше осум промоции и презентации на своите активности.

Во однос на состојбата со граѓанското општество и човековите права, 2010 г. ја одбележаа дебатите и донесувањето на значајните закони,   за здруженија и фондации , како и   за спречување и заштита од дискриминација . Двата закони беа долги години на дневниот ред на граѓанското општество и на МЦМС. Неуспешни обиди за нивно донесување имаше во 2006 г., односно 2005 г. Донесувањето на двата закони предизвика дебата во граѓанското општество, а ЗСЗД предизвика и поширока општествена расправа.

Оваа година заврши програмата Водоснабдување на општина Јегуновце (ВОЈ), со што се заокружи една од најстарите и најпрепознатливите активности на МЦМС од основањето до сега – водоснабдувањето на селата посебно во ридско-планинските и други маргинализирани региони. Во иднина МЦМС ќе се концентрира на советодавна поддршка на општините, за пристап до фондови за слични активности.

Се интензивира соработката во рамките на граѓанскиот сектор (мрежите ГПМ, МБД и БЦСДН) и со државните институции, преку учеството во Заедничкиот комитет за граѓанско општество на ЕУ-РМ, Националниот совет за европски интеграции, но и со директни средби со пратеници и претставници на надлежни министерства. Се интензивираше и соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата. Заедничкиот комитет за граѓанско општество на ЕУ-Македонија одигра значајна улога во процесот на европските интеграции на Република Македонија. На крајот од 2010 г. МЦМС повторно беше избран за член на ЗКК во новиот мандат.

Успешна деловна година за МЦМС

МЦМС како дел од граѓанското општество се соочува со истите предизвици, промени и проблеми. МЦМС докажа дека има висок капацитет за прилагодување на брзите промени кои се случуваат во општеството. МЦМС во 2011 година, го завршува среднорочниот период (од 2008 г.). Слична е состојбата и со двете организации со кои МЦМС раководи – МРФП и БЦСДН. 2011 година е годината во која ќе заврши целосното реструктурирање на изворите на финансирање (и поддршка) и на внатрешната организација на МЦМС. Тоа, во 18-та година на постоење ќе ја обезбеди неопходната подготовка на МЦМС за соочување со новите предизвици.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Успешна деловна година за МЦМС