Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време PDF Печати Е-пошта
Петок, 14 март 2014 00:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за спроведувањето на програмите и проектите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) објавува јавен оглас за засновање на работен однос на определено време.

Работно место: Соработник на проекти.

Број на работни места: Едно (1).

Времетраење на работен однос: Шест (6) месеци со можност за продолжување и засновање на работен однос на неопределено време.

Работни задачи

  • подготовка и спроведување на програмски активности,
  • подготовка на наративни и финансиски извештаи за проекти,
  • подготовка на извештаи од истражување,
  • комуникација со донатори, целна група, испорачувачи и др.

Потребно знаење и искуство:

  • основни познавања за работата на МЦМС и МРФП,
  • VII/1 или 240 кредити според ЕКТС,
  • познавање на македонски и англиски јазик,
  • докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис,
  • возачка дозвола; Б категорија,
  • работно искуство на проекти финансирани од донатори, ќе се смета за предност.

Потребни вештини и способности за:

  • планирање, анализа и организација на работа,
  • комуникација и презентација, 
  • тимска работа во мултикултурно опкружување,
  • приспособување на нови и различни задачи, 
  • извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови,
  • подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,
  • уредност и организираност.

Начин и рок на избор: Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата. Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју. Кандидатите кои нема да примат повратна информација до 4 април 2014 г. не биле селектирани.

Начин на пријавување: Кандидатите треба да  достават пријава на оглас за работа, биографија во формат на МЦМС, мотивациско писмо и потврда за завршено образование на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или лично во просториите на МЦМС на ул. Никола Парапунов 41а, Скопје.

Последен рок за пријавување: 21.03.2014 г. (петок).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време