Оглас за асистент на проектот Пристап на Ромите до фондови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за асистент на проектот Пристап на Ромите до фондови PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 март 2014 16:19

Ангажманот е во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови (ПРФ) Македонија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијативата за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено општество, Будимпешта.

Ангажманот на асистентот е за период од 12 месеци, со полно работно време.

Од избраниот кандидат се очекува: обезбедување на административна/логистичка подршка во  спроведување на проектот (поддршка во информативната канцеларија, поддршка на протокот на информации од и до давателите на услуги и целната група, организирање состаноци за персоналот, одржување на врски со заинтересираните страни, собирање релевантни информации за ЕУ и другите фондови, како и за националните развојни политики релевантни за Ромите, ажурирање на базата на податоци и веб-сајтот и други административни/логистички работи поврзани со спроведување на проектот.

Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • универзитетско образование, (препорачливо во  општествени науки)  
  • напредно познавање на англиски јазик;
  • познавање на други локални јазици (ромскиот, ќе се смета за предност);
  • напредно познавање  на компјутерски вештини
  • најмалку 3 години докажано искуство во проектно спроведување (планирање, спроведување и набљудување);
  • знаење и разбирање на состојбата на ромската заедница, политиките насочени кон Ромите, други соодветни јавни политики, како и процесот на пристап кон ЕУ;
  • познавање на проектниот менаџмент на ЕУ ќе се смета за предност;
  • предност ќе биде дадена на кандидатите кои припаѓаат на ранливи групи (вклучително Роми и жени).

Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивациско писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и контакт информации) најдоцна до  20 март 2014  по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за асистент на проектот Пристап на Ромите до фондови