Оглас за асистент на проектот Пристап на Ромите до фондови |
Monday, 10 March 2014 16:19 |
Ангажманот е во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови (ПРФ) Македонија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијативата за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено општество, Будимпешта. Ангажманот на асистентот е за период од 12 месеци, со полно работно време. Од избраниот кандидат се очекува: обезбедување на административна/логистичка подршка во спроведување на проектот (поддршка во информативната канцеларија, поддршка на протокот на информации од и до давателите на услуги и целната група, организирање состаноци за персоналот, одржување на врски со заинтересираните страни, собирање релевантни информации за ЕУ и другите фондови, како и за националните развојни политики релевантни за Ромите, ажурирање на базата на податоци и веб-сајтот и други административни/логистички работи поврзани со спроведување на проектот. Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивациско писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и контакт информации) најдоцна до 20 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . |