Kонкурс за испорачатели на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Kонкурс за испорачатели на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 март 2014 12:24

Отворен е конкурс за испорачатели на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови во рамки на проектот Пристап на Ромите до Фондови (ПРФ) Македонија, кој се спроведува од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијатива за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено Oпштество, Будимпешта. Ангажманот на испорачателите на услуги во Македонија е за период од 12 месеци, при што бројот на денови на ангажман ќе се договара врз основа на контекстот/потребите и покажаниот успех во работата на испорачателите. Целта на ангажманот е работа со „корисници“ за развој на предлог проекти во корист на Ромите за финансирање од ЕУ и други фондови. Под „корисници“ во ПРФ се подразбираат организации кои конкурираат со проекти за ЕУ и други фондови независно или во партнерство, вклучително централни и/или локални институции, јавни услужни организации, формални и/или неформални организации на граѓанското општество (особено ромски), меѓународни организации и приватни претпријатија.

Од избраните кандидати се очекуваат следните резултати:

  • најмалку 3 целосно развиени и аплицирани проекти (работени заедно со корисниците)
  • најмалку 10 успешно обучени корисници за подготовка на предлог проекти за финансирање од ЕУ и други фондови (преку обука низ работа за време на подготовката на апликациите)

Кандидатите за испорачатели на услуги треба да ги исполнуваат следните барања:

  • докажано искуство во подготовка на апликации за ЕУ и други фондови (најмалку 1 целосно подготвена апликација за ЕУ и/или други фондови);
  • универзитетско образование, препорачливо во соодветна област, како управување, јавна администрација, итн; кандидати со пониско образование можат да бидат земени во предвид доколку имаат докажно соодветно искуство од најмалку 5 години;
  • напредно познавање и вештини за проектно управување и најмалку 3 години докажано искуство во проектно управување (вклучително планирање, спроведување, управување и набљудување);
  • напредно познавање на македонски и англиски јазик; познавање на други локални јазици ќе се смета за предност;
  • знаење и разбирање на состојбата на ромската заедница, политиките насочени кон Ромите, други соодветни јавни политики, како и процесот на пристап кон ЕУ; познавање од ЕУ финансирање ќе се смета за предност;
  • предност ќе биде дадена на кандидатите кои припаѓаат на ранливи групи, вклучително Роми, жени, итн.

Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивационо писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и со вклучени контакт информации) најдоцна до 10 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Селекцијата на кандидатите се состои од два дела: 1) врз основа на доставени документи успешните кандидати ќе бидат поканети да изработат задача; 2) врз основа квалитетот на завршената задача ќе биде направен конечен избор. Успешните кандидати ќе бидат информирани најдоцна до 31 март 2014 г.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Kонкурс за испорачатели на услуги за подготовка на апликации за ЕУ и други фондови