МЦМС бара спроведувачи на курсеви за занимања |
Понеделник, 17 јуни 2013 13:53 |
Со спроведувањето на проектот Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот, МЦМС има за цел да ги подобри условите за вработување на овие жени. Затоа, една од активностите е да им понуди курсеви за занимања. Курсевите треба да бидат на следните теми: фризерство, кроење и шиење, компјутерско водење на сметководство и готвење во угостителски објекти. Обуките се спроведуваат за жени од Скопје (Сарај и Чаир), тетовскиот регион (Јегуновце, Теарце и Желино), Липково и Маврово и Ростуша. Доколку спроведувате такви курсеви, испратете ја вашата понуда до МЦМС. Имајте предвид дека вашата понуда треба да биде составена од техничката понуда, финансиска понуда и придружна документација согласно барањето понуди и описот на услуги. Понудата доставете ја во архивата на МЦМС, ул. Никола Парапунов бр. 41а, Скопје, најдоцна до 28 јуни 2013 година (петок) до 17 часот. Прашања за појаснувања може да се постават најдоцна до 26 јуни 2013 година (среда) до 17 часот на следната адреса за е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Повеќе информации можете да најдете овде:
|