ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време PDF Печати Е-пошта
Вторник, 06 ноември 2012 13:21

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за поддршка на спроведувањето на своите програми објавува ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време.

Работно место: Помлад соработник на проекти.

Број на работни места: Две (2).

Времетраење на работен однос: Шест (6) месеци со можност за продолжување.

Работни задачи:

  • поддршка на спроведувањето проектни активности,
  • подготовка на едноставни и помалку сложени проекти,
  • комуникација со целната група, корисниците, испорачувачите и др.

Потребно знаење и искуство:

  • основни познавања за работата на МЦМС,
  • завршени прв циклус универзитетски студии,
  • најмногу две години работно искуство,
  • познавање на македонски и англиски јазик,
  • докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис,
  • возачка дозвола; Б категорија,
  • познавањето на албанскиот јазик е предност.

Потребни вештини и способности:

  • за комуникација, презентација и ширење информации,
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување,
  • за приспособување на нови и различни задачи,
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови,
  • подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,
  • уредност и организираност.

Начин и рок на избор: Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата. Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју. Кандидатите кои нема да примат повратна информација до 30 ноември 2012 г. не биле селектирани.

Начин на пријавување: Кандидатите треба да достават следниве обрасци:

Обрасците може да се достават по е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или лично во просториите на МЦМС на ул. Никола Парапунов 41а, Скопје.

Рок за пријавување: 15.11.2012 г. (четврток).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време