ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време PDF Print E-mail
Tuesday, 06 November 2012 13:21

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за поддршка на спроведувањето на своите програми објавува ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време.

Работно место: Помлад соработник на проекти.

Број на работни места: Две (2).

Времетраење на работен однос: Шест (6) месеци со можност за продолжување.

Работни задачи:

  • поддршка на спроведувањето проектни активности,
  • подготовка на едноставни и помалку сложени проекти,
  • комуникација со целната група, корисниците, испорачувачите и др.

Потребно знаење и искуство:

  • основни познавања за работата на МЦМС,
  • завршени прв циклус универзитетски студии,
  • најмногу две години работно искуство,
  • познавање на македонски и англиски јазик,
  • докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис,
  • возачка дозвола; Б категорија,
  • познавањето на албанскиот јазик е предност.

Потребни вештини и способности:

  • за комуникација, презентација и ширење информации,
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување,
  • за приспособување на нови и различни задачи,
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови,
  • подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,
  • уредност и организираност.

Начин и рок на избор: Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата. Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју. Кандидатите кои нема да примат повратна информација до 30 ноември 2012 г. не биле селектирани.

Начин на пријавување: Кандидатите треба да достават следниве обрасци:

Обрасците може да се достават по е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или лично во просториите на МЦМС на ул. Никола Парапунов 41а, Скопје.

Рок за пријавување: 15.11.2012 г. (четврток).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време