КОНКУРС за изработка на студии на случај |
Вторник, 10 мај 2011 14:45 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), една од водечките граѓански организации, за потребите на истражувањето за Охридски рамковен договор, објавува конкурс за изработка на студии на случај. Истражувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) е истражувачки проект, кој ги проценува постигнувањата и влијанието на ОРД, групирани во шест димензии на ОРД, како и три димензии на околината. Проценката се прави со употреба на повеќе истражувачки методи, како анкета на население; интервјуа со клучни личности; студии на случај; анализа на литература и др. Овој конкурс е за изработка на студии на случај, кои ќе бидат употребени за проценката, а ќе бидат објавени во изданието „Граѓански практики". ТЕМИ НА СТУДИИТЕ НА СЛУЧАЈСтудиите на случај треба да бидат во следните димензии на ОРД и на следните теми:
НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКАСтудиите на случај треба да претставуваат длабинска и систематична анализа на конкретните прашања (показатели) наведени во конкурсот или пак слободни теми во рамките на наведените димензии. Студијата на случај може да понуди преглед на целиот показател или пак на конкретен случај, кој е дел од показателот. Анализата треба да се заснова на истражувања (пр. анализа на литература, анкети), интервјуа и сл. Приказите треба да бидат напишани на македонски (со кирилична поддршка), албански или англиски јазик. Избраните автори ќе работат во соработка и консултација со одговорните соработници во МЦМС. Големината на приказите не треба да надминува 15 страници (од 3.000 – 5.000 збора). Преземи детално упатство за подготовка на студија на случај АВТОРИПраво за аплицирање имаат сите физички и правни лица, индивидуално или групно. Предност ќе биде дадена на студентите на сите три циклуса на студии, кои имаат афинитет кон истражувањена актуелни општествени и политички прашања. ИЗБОРИзборот на авторите ќе го врши Истражувачкиот тим, врз основа на искуството и понудената методологија од страна на кандидатите за автори. Избраните автори ќе бидат известени најдоцна пет дена по завршувањето на конкурсот. ФОНД НА КОНКУРСОТВкупниот фонд за конкурсот изнесува 300.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 30.000 денари. Висината на поединечниот надоместок ќе зависи од понудената методологија за подготовка на студијата на случај. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕПријавувањето се врши со испраќање на пријава и биографија на физичкото лице т.е. референци на правното лице на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 16 мај 2011 г. Во пријавата треба да се наведе и рокот за испорака на студијата на случај. Преземи пријава за подготовка на студија на случај Преземи преглед на релевантни референци - за правни лица Преземи детално упатство за подготовка на студија на случај Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 14 мај 2011 г. на горенаведената адреса за е-пошта. |