Понеделник, 17 јуни 2013 13:53 |
Со спроведувањето на проектот Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот, МЦМС има за цел да ги подобри условите за вработување на овие жени. Затоа, една од активностите е да им понуди курсеви за занимања.
Курсевите треба да бидат на следните теми: фризерство, кроење и шиење, компјутерско водење на сметководство и готвење во угостителски објекти.
Обуките се спроведуваат за жени од Скопје (Сарај и Чаир), тетовскиот регион (Јегуновце, Теарце и Желино), Липково и Маврово и Ростуша.
|
Среда, 24 април 2013 09:31 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
Четврток, 03 јануари 2013 11:32 |
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на проектниот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 (шест) месеци, 9 (девет) работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
Среда, 02 јануари 2013 11:58 |
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Меѓуопштинскиот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
Вторник, 06 ноември 2012 13:21 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за поддршка на спроведувањето на своите програми објавува ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време.
|
|
|
|
|
Страна 17 од 27 |